ИД егзекутира уште 20 лица во северен Ирак
Групата „Исламска држава“ обезглави уште 20 свои противници во северниот дел на Ирак, пренесоа агенциите, повикувајќи се на ирачките власти.
Егзекуцијата била во градот Хауиджа. На снимката, распространети од ИД, се гледаат телата на егзекутираните, заврзани за нозете надолу на електрични столбови.
Егзекутираните сакале да се приклучат на милиците, кои ги поддржуваат ирачките сили во битката против ИД.
Ирачката армија и нејзините сојузници, главно курдски сили, шиитски полицајци и борци од сунитски племиња, започнаа офанзива минатата недела за враќање на контролата врз стратешкиот ирачки град Тикрит, лоциран на 160 километри северно од ирачката престолнина на Багдад.
Денес курдските сили започнале офанзива во зоните јужно и западно од градот Киркук, со што го засилиле на тој начин притисокот врз последните бастиони на џихадистите источно од реката Тигар.
