ИД бара 200 милиони долари или најави дека ќе убие двајца киднапирани Јапонци
Џихадистите од Исламската држава објавија видео снимка, на која бараат да им бидат исплатени откупнини во висина од 200 милиони долари во наредните 72 часа или во спротивно ќе убијат двајца Јапонци кои ги држат како заложници.
Снимката на која припадник на Исламската држава бара откуп за киднапираните Јапонци е објавена на вебстрана на бунтовниците поврзани со исламската држава.
На снимката се гледаат двајца заложници во портокалови костими, а екстремистите ги идентификуваат како Кенџи Гото Џого и Харун Јукав.
Мажот кој бара откуп звучи како британскиот државјанин кој и претходно се појавуваше на видеоснимките на кои беа обезглавени голем број заложници кои беа коднапирани од страна на Исламската држава и која во моментов контролира една третина од ирачката и сириската територија, пренесува „АП“.
Тој во своето обраќање нагласил дека Јапонците биле грабнати поради поддршката на воените акции на Западот против Исламската држава.
„Гордо дониравте 100 милиони долари за убивање на нашите жени и деца, за уништување на муслиманските домови“, рекол бунтовникот на видеозаписот.
Припадниците на Исламската држава претходно убиваа заложници од Западот, но овој пат се закануваат дека ќе убијат Јапонци.
Јапонски претставници се уште не ја коментирале оваа видеопорака.
Слично
