Иако се меѓу земјите со најмногу вакцинирани, сепак се соочуваат со висока бројка на заразени
Сингапур го забележа најголемиот раст на новозаразени од коронавирусот во последните 12 месеци.
Здравствените власти соопштија за 328 нови случаи за 24 часа. Има зголемување на бројот на заразени лица по постепеното укинување на рестриктивните мерки, пренесува ДПА.
Министерот за финансии на Сингапур и копретседавач со седиштето за борба против коронавирусот, Лоренс Вон, изјави дека Сингапур би можел повторно да воведе ограничувачки мерки.
Во Сингапур, повеќе од 80 проценти од населението од 5,7 милиони луѓе се целосно вакцинирани против ковид-19.
Се вбројуваат меѓу земјите со најмногу вакцинирани, и со ниска смртност. Сепак, властите се загрижени поради брзото ширење на вирусот, и сакаат овој процес да го успорат. Слично е и во Израел.
