Иако ризикуваат да бидат казнети или затворени, 7.000 руски научници бараат запирање на војната во Украина
Седум илјади руски научници бараат запирање на војната во Украина.
Тие упатија отворено писмо во кое велат дека се против инвазијата на Русија во Украина. Потенцираат дека ќе бидат меѓународно изолирани.
„„Хуманите вредности се темелот на кој се гради науката. Убедени сме дека ниту еден геополитички интерес не може да ја оправда оваа смрт и крвопролевање… Одговорноста за новата војна во Европа е целосно на Русија“, се наведува, меѓу другото, во писмото на руските научници објавено на веб-страницата на популарниот научно списание „Троицки варијанта“.
Меѓу потписниците на писмото е и Константин Новоселов, добитник на Нобеловата награда за физика во 2010 година и 85 членови на Руската академија на науките. Руските закони за ваквите јавни настапи предвидуваат затворска казна или парична казна од повеќе од 7.000 евра, но сепак бројот на потписници на писмото секојдневно расте.
Според организацијата за човекови права ОВД-Инфо вкупно 11 345 лица досега се приведени на антивоените протести низ Русија откако Москва ја започна инвазијата на Украина на 24 февруари. Околу 3.500 антивоени демонстранти се уапсени денеска.
