IAG ќе се поднови со 62 авиони од типот на Airbus A320
За да ги замени застарените машини и да ги прошири флотилата на нискотарифните превозници Vueling, International Airlines Group (IAG) ќе се поднови со 62 авиони од типот на Airbus A320 со продажна цена од 5,4 милијарди долари, пренесоа американските медиуми.
IAG, компанијата мајка на British Airways и Iberia, посочи дека договорила “значителен попуст” од цените по каталогот, но не претстави никакви детали.
Од IAG посочија и дека компанијата обезбедила опции за купување на уште 100 авиони од типот A320neo. Договорите треба да бидат одобрени од акционерите.
Слично
