И жени копаат ровови - што спремаат Украинците во Бахмут?
Украинската армија се подготвува за улични борби во Артјомовск, тврдат Русите.
Офицерот на милицијата на самопрогласената Луганска народна република Андреј Марочко денеска кажа дека „трупите на режимот во Киев, стационирани во градот Артјомовск (Бахмут), ги утврдуваат своите позиции за улични борби. Додаде дека Украинците прават упоришта и копаат ровови.
„Прават и бункери во становите на цивилите. Подрумите на заедничките простории се користат како складиште за оружје“, изјави Марочко за ТАСС.
Како што тврди, цивили, меѓу кои и жени учествуваат во копањето ровови.
„Тие се принудени да работат под закана, но има примери кога цивилите се платени со храна и хигиенски средства, кои ги обезбедуваа меѓународните хуманитарни организации“, додава тој.
Вчера украинскиот претседател Володимир Зеленски беше во Бахмут, каде додели награди на најдобрите војници.Рускиот претседател Владимир Путин призна дека во Луганск тешко им оди.
