Економија, финансии, бизнис

Контакт

И во тестенини на „Нестле“ пронајдено коњско месо

И во тестенини на „Нестле“ пронајдено коњско месо
Најголемата прехранбена компанија во светот „Нестле“ повлече од трговската мрежа во Италија и Шпанија тестенини со говедско месо откако по анализи е утврдено присуство на коњско месо над 1%, објави Фајненшал тајмс. Според известувањето од компанијата, известени се властите на овие две земји. Минатата недела од „Нестле“ соопштија дека нејзини продукти не се засегнати од скандалот со коњско месо во Европа. “Нестле“ повлекува тестенини од продавници во Италија и Шпанија замрзнати равиоли и тортелини со говедско месо. Компанијата ќе повлече и замрзнати лазањи болоњезе произведени во Франција.
Слично

Поврзани вести