Економија, финансии, бизнис

Контакт

И во Швајцарија ги забрануваат бурките

И во Швајцарија ги забрануваат бурките

Долниот дом на швајцарскиот парламент го поддржа вчера  воведувањето на забрана за забулувањето на лицето, повторувајќи ги преземените мерки во соседна Франција и други европски земји. 

Ова се мерки за зајакнување на контролата по исламистичките напади, пренесоа агенциите. Мерката, иницирана од десниот политичар Валтер Вобман - кој поведе успешна кампања за забрана на изградба на нови минариња во 2009 година - треба да биде прифатена и од горниот дом и владата за да стапи на сила. 

Вобман кој е претставник на антиимигрантската Швајцарска народна партија, вели дека забраната ќе ја зачува швајцарската култура и ќе го ограничи радикалниот ислам. Тој инсистира и за референдум за ова прашање.

Според една анкета од август, 71 процент од Швајцарците одобруваат усвојување на национална забрана на бурки. 

Околу 5 проценти од жителите на Швајцарија се муслимани. 

Слично

Поврзани вести