Економија, финансии, бизнис

Контакт

И во Кина не се плаќа данок – Инвеститорите должат 623 милијарди долари

И во Кина не се плаќа данок – Инвеститорите должат 623 милијарди долари
Водечките кинески инвеститори должат 3,8 билиони јуани (623 милијарди долари) на име неплатен данок, соопштија кинеските медиуми. Кинеската централна телевизија (CCTV) во неделната програма за потрошувачите, објави дека компаниите за продажба на недвижности морале да платат 4,6 билиони јуани данок за градежно земјиште во периодот од 2005 до 2012 година, но дека се соберени само 800 милијарди јуани, пренесува Франс прес. Меѓутоа, во оваа телевизиска репортажа не се објавени сите имиња на компаниите кои должат за данок, но е кажано дека меѓу нив, 45 претпријатија котираат на берзата и работат на домашен пазар и во странство.    
Слично

Поврзани вести