Економија, финансии, бизнис

Контакт

И во Италија трае приватизацијата

И во Италија трае приватизацијата
Владата на Италија ги одреди компаниите кои делумно ќе бидатприватизирани, најави министерот за економија и финансии, Фабрицио Сакомани. Палнирано е да се продадат до 60 отсто во финансиско-осигурувачката компанија „Саче“ и државната железница „Гранди стачони Фс“, како и 40 отсто од најголемото бродоградилиште „Финкантиери“. Владата има намера и да понуди на приватизација три отсто од енергетската компанија ЕНИ, при што уделот на државата нема да се спушти под 30 отсто. Меѓу инфраструктурните објекти, за продажба се предвидени акции на гасоводот ТАГ, пренесуваат агенциите. Како што изјави Сакомани, овој чекор, според очекувањата, ќе донесе приходи од 10 до 12 милијради евра. Тоа би требало да помогне во намалување на надворешниот долг на државата, како и да послужи како гаранција пред ЕК дека дефицитот на буџетот ќе остане во дозволените рамки.    
Слично

Поврзани вести