И во ЕУ има разлики: Најниски плати во Бугарија, највисоки – во Шведска
Просечната цена на работниот час во земјите-членки на Европската унија изнесува 23,7 евра, објави Евростат. Но, зад оваа бројка се кријат огромни разлики од една земја до друга.
Најниска е вредноста на трудот во Бугарија, каде што еден работен час се плаќа едвај 3,7 евра. На дното на листата се и Романија (4,6 евра), Литванија (6,2 евра) и Летонија (6,3 евра). За 2-3 евра од час се подобро платени работниците на Унгарија, Полска, Словачка и Хрватска.
Наспроти ова, дури 40,1 евра вреди работниот час на работникот во Шведска, а високи плати има и во Данска, Белгија, Луксембург и Франција.
Од ваквата статистика се исклучени земјоделството и јавната управа.
Слично
