И во Данска размислуваат за референдум за ЕУ
Данска треба да размисли за референдум во односите со ЕУ, рече во понеделникот клучен сојузник на малцинската влада во земјата, додека Велика Британија се подготвува за гласање на 23 јуни по прашањето за заминувањето на Унија од 28 земји-членки, пренесе Reuters.
Слично на Велика Британија, Данска договорила неколку исклучоци од законите на ЕУ, претежно од потребата за пристапување кон заедничката валута.
Лондон ги предоговори некои од условите на членството во ЕУ, вклучувајќи ограничување на мигрантите од ЕУ до некои социјални бенефиции. Данска треба да се обиде да договори слични исклучоци со ЕУ, ако Британија гласа за останувањето во сојузот, вели Кристијан Тулесен Дал, лидер на популистичката Данска народна партија - најголемата од трите кои ја поддржуваат владата на малцинството во Копенхаген.
Ако данскиот парламент не постигне согласност по прашањето, „тогаш зошто да не побараме од Данците да го решат прашањето преку референдум“, рече Тулесен Дал.
