Економија, финансии, бизнис

Контакт

И Виетнамците ќе јадат од „Мекдоналдс“

И Виетнамците ќе јадат од „Мекдоналдс“
Потрошувачката моќ на Виетнамците се покажа привлечна за западните компании и покрај фактот дека виетнамската економија се соочува со проблеми. Така, американскиот синџир за брза храна „Мекдоналдс“ одлучи да го отвори првиот ресторан во Виетнам, со што стана и последната западна компанија која влегува во земјата. Старбакс веќе го отвори првото кафуле, приклучувајќи им се на Сабвеј, Пица Хат и други странски компании. Од „Мекдоналдс“ информираат дека првиот ресторан ќе се отвори во Хо Ши Мин Сити, трговскиот центар на земјата. Франшизата му е доделена на виетнамскo-американски инвеститор.
Слично

Поврзани вести