И Варуфакис побара интернет за Асанж
Еквадорската амбасада во Лондон каде е сместен најпознатиот ликстер на светот Џулијан Асанж реши да му го забрани интернет пристапот поради незадоволство од неговите ставови и поведение во последно време, особено по говорите онлајн за корупцијата во Еквадор и непочитувањето на човековите права.
Асанж, кој се обидува на сите можни начини да избегне екстрадиција во Шведска, а потоа и во САД, не смее да ја напушти амбасадата на Еквадор во Лондон, но неговиот живот таму станува се потежок.
Затоа голем број на активисти низ светот повикаа да се организираат протести пред амбасадата. Истото го стори и поранешниот грчки министер за финансии Варуфакис кој повика итно да му се дозволи на Асанж пристап до интернет за да може да продолжи со неговите редовни активности за Викиликс платформата, како и да му се овозможи да прима посетители.
