Економија, финансии, бизнис

Контакт

И УКРАИНА САКА МИР: Зеленски формира проширена национална преговарачка група

И УКРАИНА САКА МИР: Зеленски формира проширена национална преговарачка група

Украина го забрзува патот кон траен мир со Русија. 

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, најави формирање на постојана проширена национална преговарачка група, која ќе работи на дипломатски напори за завршување на војната и воспоставување вистински и траен мир.

„Се одржа специјален состанок посветен на нашите дипломатски напори. Мораме да го искористиме секој механизам за мир и да покажеме јасна посветеност“, напиша Зеленски на Фејсбук.

Москва е подготвена да работи на изготвување меморандум со Украина, кој би подразбирал и прекин на огнот. 

Рускиот претседател Владимир Путин телефонски разговараше со американскиот колега Доналд Трамп. Разговорот, како што кажа Путин, бил суштински, отворен и исклучително корисен.

Преговорите во Истанбул не дадоа ефект, освен што е договорена размена на затвореници, 1.000 за 1.000. 

Слично

Поврзани вести