Економија, финансии, бизнис

Контакт

И тие се вклучуваат во војна против џихадистите: Русија добива уште еден сојузник?

И тие се вклучуваат во војна против џихадистите: Русија добива уште еден сојузник?

Припадници на кубанската војска наводно се видени во Сирија каде, како што се верува, им помагаат на сириски војници во борба против бунтовниците, пренесува американската Фокс Њуз.

Според зборови на неименуван американски претставник, кој се повикува на докази од разузнавачки служби, единицата на кубанските паравоени и специјални сили во Сирија се префрлени руски воени авиони.

Во прашање се експерти за управување со руски тенкови, кои претходно поминале обука во Сирија, наведува телевизијата.

Tan2015-9-30_19345463_01

-Доколку тоа е точно, тоа би значело дека генералот Раул Кастро повеќе е заинтересиран да им понуди помош на сојузниците, Русија и Сирија, отколку да продолжи со нормализирање на односите со САД-истакнува неименуван претставник.

Директорот на Институтот за Куба на Универзитетот во Мајами Хајме Сучлицки рекол дека еден арапски воени претставник му потврдил дека два руски авиони , во кои се наоѓал кубански персонал, слетал на аеродромот во Дамаск.

Тој додал и дека офицерот му пренесл дека се работи за експерти за управување со руски тенкови кои се , како што тврди , на чело со генералот Леополд Ситра Фријас дошле во Сирија.

Како што истакнал, заминувањето на кубански војници во Сирија не изненадува кога се има предвид Русите веќе долга низа години ги обувчуваат Кубанците и снабдеваат со воена опрема.

 
Слично

Поврзани вести