И СЗО ЗАГРИЖЕНА ЗА ШИРЕЊЕТО НА ДЕЛТА СОЈОТ: Кога нема вакцини не може да се договори капацитет за испорака
Шефот на Светската здравствена организација Тедрос Аданом денеска изгразил загриженост поради се поголемото ширење на делта варијантата низ светот, која според СЗО е веќе регистрирана во над 90 земји и нагласил дека најдобриот начин за спречување на развој на новите соеви на коронавирусот е спречување на негова трансмисија
-Новите варијанти се очекувани и ќе продолжат да се појавуваат. Тоа го прават вирусите, се развиваат. Но, може да спречиме појава на нивните варијанти така што ќе ја спречиме трансмисијата на Ковид-19“, изјавил Тедрос.
Тој истакнал дека СЗО е загрижена поради делта варијантата на вирусот која брзо се шири, пренесува „Ројтерс“.
-Неможноста на светот да обезбеди доволно вакцини против Ковид-19 за сиромашните земји е глобален неуспех кој ја покажува целата неправда. Нема вакцини. Не може дури ни да се договори капацитет за испорака доколку нема вакцини, изјави шефот на СЗО.
