Економија, финансии, бизнис

Контакт

И стриптизетите имаат право на „минималец“

И стриптизетите имаат право на „минималец“
Американскиот суд одлучи дека стриптизетите во еден клуб во Њујорк имаат право да бараат минимална плата. Тие поради неисплатени плати го тужеа клубот барајќи надомест од пет милиони долари. Група од околу 1.900 сегашни и поранешни танчерки во стриптиз клубот „Рикс Кабаре Интернешнал“ го тужеа својот работодавец, наведувајќи дека го прекршил законот, бидејќи не им платил на минималната плата за работата. Стриптизетите, кои имале обврска во вечерните часови за време на настапот, дел од заработката да ја остават во клубот, а како што сведочеле, нивната плата се состоела од земање бакшиш за танц во скут. Њујоркшкиот судија изнесол во пресудата дека „Рикс кабаре" ги држело танчерките под толку силна контрола што тие морале да се придржуваат на сите правила на клубот и неможеле самостојно да донесуваат одлуки за нивната работа. „По четири години судски процес, ние сме многу среќни што конечно го доживеавме овој  ден во судот. Верувам дека пресудата јасно ќе стави до знаење дека работодавачите можат да ја избегнат обврската да плаќаат плати, надевајќи се дека нивните клиенти ќе го направат тоа за нив", рече Мишел Дрејк , адвокат на стриптизетите. Пресудата значи и дека стриптизетите ќе бидат во можност да ги побараат од клубот ретроактивно да им ги плати сите заостанати плати.
Слично

Поврзани вести