Економија, финансии, бизнис

Контакт

И Србија препорача да не се патува во Ирак, македонското МНР засега молчи

И Србија препорача да не се патува во Ирак, македонското МНР засега молчи
Српското Министерство за надворешни работи денеска им препорача на државјаните на Србија да се воздржат од патување во Ирак заради влошената безбедносна ситуација во оваа земја. На граѓаните кои се во можност да го напуштат Ирак им се препорачува тоа веднаш да го направат по консултација со амбасадата на Србија во Багдад, се наведува во соопштението на српското МНР. Притоа се додава дека безбедносната ситуација во Ирак особено е влошена од почетокот на месецот, откако исламските екстремисти ги зазаедоа градот Мосул и покраината Нинева, а не може да се исклучи ниту дека е можно наскоро да се влоши ситуацијата и ви Багдад. Вакви препораки уште од вчера издадоа и повеќето европски земји, меѓу кои и Германија. Македонското МНР засега официјално не испратило предупредување до граѓаните да избегнуваат патување во Ирак. Македонија нема своја амбасада таму, ниту пак прецизни податоци колку Македонци живеат во оваа земја. Најблиска македонска амбасада е онаа во Анкара, Турција. Порано дипломатските односи меѓу Македонија и Ирак беа многу поинтензивни, па дури и македонски градежни компании работеа во оваа земја. По симнувањето на режимот на Садам Хусеин, македонски мировници учествуваа во меѓународната мировна мисија „Слобода за Ирак“ и од 2003 до 2008 година таму испрати вкупно околу 500 војници. Б.А.
Слично

Поврзани вести