И Србија ја евакуира амбасадата во Ирак
Српското Министерство за надворешни работи објави дека привремено го евакуира персоналот од амбасадата во Багдад, заради новата криза во Ирак која добива размери на граѓанска војна.
Вработените од дипломатското претставништво ќе бидат вратени во Белград.
„Нашата амбасада во Ирак нема да биде затворена, бидејќи локалното население ќе ги извршува најосновните задачи и ќе одржува контакт со ирачките институции“, информираат од српското МНР.
Ситуацијата во Ирак од момент во момент се влошува, а радикалните сили на Исламската држава Ирак и Левант постојано напредуваат и осовојуваат поголем дел од територијата во оваа земја.
Францускиот шеф на дипломатијата Лоран Фабиус оцени дека се работи за „ситуација без преседан“, бидејќи за првпат една терористичка група е во позиција да се заканува дека ќе заземе цела држава.Извори на американскиот Конгрес денеска најавија дека американскиот државен секретар Џон Кери наскоро ќе отпатува за Ирак.
САД изрази подготвеност да испрати 300 воени експерти во Ирак кои ќе ја советуваат ирачката Влада како да врати контрола врз територијата, додека воздушните напади засега се одложени откако ирачките безбедносни сили успеаја да ги одбијат екстремистите подалеку од главниот град Багдад.
Путин на ирачкиот премиер му понуди целосна поддршка во борбата со џихадистите!
Слично
