Економија, финансии, бизнис

Контакт

И ШОЈГУ БЕШЕ ВО МИНСК, НО КРИВИ И ЈА КРИЕ РАКАТА: Чудни движења по преживеан срцев удар?

И ШОЈГУ БЕШЕ ВО МИНСК, НО КРИВИ И ЈА КРИЕ РАКАТА: Чудни движења по преживеан срцев удар?

Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу дојде во Минск заедно со рускиот претседател Путин и сите го забележаа неговото чудно одење.

Шојгу колабирал додека шетал низ мермерните ходници на палатата во Минск, Белорусија, пишува Дејли Мејл и потсетува дека Кремљ пред неколку месеци негираше дека Шојгу имал срцев удар. Министерот Шојгу, официјално задолжен за инвазијата на Украина, ја држел десната рака во џеб, а официјално објаснување за неговото необично држење немало.

Шојгу му се придружи на Путин на неговата прва посета на Минск по три години, каде што се состана со својот сојузник, белорускиот претседател Александар Лукашенко. Рускиот претседател, за чие здравје исто така се шпекулира, се сопнал при излегувањето од авионот, по што бил пречекан со традиционален леб со сол и цвеќиња.

Со Путин биле и членови на неговото обезбедување, а наводно на сите патувања го придружува и онколог. Министерот за одбрана пристигна во Минск со Путин, поради што се шпекулираше дека Белорусија наскоро повеќе ќе се вклучи во војната во Украина. Официјално, причината за посетата е зајакнување на економските врски меѓу Русија и Белорусија. Кремљ со години се обидува да ја продлабочи интеграцијата со Белорусија, која зависи од Москва за евтина нафта и кредити, но Лукашенко досега се спротивставуваше на обединувањето со Русија и покрај тоа што беше клучен сојузник во војната во Украина.


Слично

Поврзани вести