Економија, финансии, бизнис

Контакт

И Сеул воведува санкции за Белорусија

И Сеул воведува санкции за Белорусија

Нови санкции ќе следат за Белорусија. 

Јужна Кореја ќе воведе санкции кон Белорусија поради „активна поддршка за руската инвазија на Украина“.

Санкциите вклучуваат, меѓу другото, и контрола на белорускиот извоз.  Санкциите ќе се применуваат на сличен начин како и против Русија, објави Ројтерс. Јужна Кореја ја осуди Москва за започнување „вооружена инвазија“ на Украина, а минатиот месец Сеул најави дека ќе ја зајакне контролата врз рускиот извоз со забрана на снабдување со стратешки артикли и ќе се приклучи на потегот на западните земји да исклучат некои руски банки од меѓународниот SWIFT платен систем.

И Канада воведува царини од 35 отсто за извозот од Русија и Белорусија. 

Властите одлучија да ги тргнат Русија и Белорусија од нивниот трговски статус на најповолни нации и да воведат царини од 35 отсто за извозот од тие земји.

ЕУ исто така воведе санкции за двете земји. 

Санкциите особено ќе влијаат на некои економски сектори, оние поврзани со дрвото, челикот и калиумот.

foto freepik.com

Слично

Поврзани вести