Економија, финансии, бизнис

Контакт

И сексот е бизнис, па во Бразил забрзано се учи англиски!

И сексот е бизнис, па во Бразил забрзано се учи англиски!

Бразилски сексуални работнички почнаа да учат англиски јазик поради најавата за доаѓање на илјадници навивачи и туристи бидејќи Бразил идниот месец ќе биде домаќин на Купот на конфедерациите, а во 2014 година и на Светското првенство во фудбал.

Во градот Бело Хоризонте на југоистокот на земјата, еден од градовите во кои ќе бидат одржани натпреварите, Виторија и Андреа се подготвуваат за работа во скромниот хотел во работнички кварт. Тие велат дека конкуренцијата е силна, а секој ден се појавува по некоја нова девојка.

Виторија и Андреа, две од 80 илјади сексуални работнички, дневно имаат по 20 клиенти, а секој од нив во просек плаќа по 20 долари. Тие се надеваат дека големиот спортски настан и странските туристи ќе им ги зголемат приходите, но затоа прво мора да научат како да „заведуваат“ на англиски.

Слично

Поврзани вести