Економија, финансии, бизнис

Контакт

И САД ќе прифатат бегалци

И САД ќе прифатат бегалци

САД планираат да прифатат најмалку 10 000 сириски бегалци во 2016 година, соопшти Белата куќа, соопштија и американските медиуми.

Претседателот Барак Обама ги известил советниците дека би сакал САД да прифатат околу 10 000 сириски бегалци во следната финансиска година, која почнува на 1 октомври. САД имаат усвоено само 1.500 Сиријци, откако започна граѓанската војна пред повеќе од четири години.

Портпаролот на Белата куќа, Џош Ернест потсетил дека Владата на САД доделила речиси 4 милијарди долари на хуманитарните агенции и други организации за олеснување на хуманитарната криза во Европа, каде десетици илјади луѓе бегаат од војните во Блискиот Исток и бараат засолниште и заштита.

Портпаролот додал дека претседателот Обама одлучил да бидат донесени уште сириски бегалци, за да го зголеми придонесот на САД во решавањето на кризата.

Пред неколку дена претставникот на Белата куќа, Питер Бугард соопштил дека американската администрација веќе развива пакет мерки за помош на бегалците од Блискиот Исток. „Се наоѓаме во постојан контакт како со земјите од Блискиот Исток, така и со тие од Европа, која е во сериозни тешкотии поради бегалскиот поток“, посочил тој.

Стотици Американци предложија да прифатат во своите домови сириски имигранти, потпишувајќи онлајн петиција, според која САД треба да им помогнат на повеќе луѓе кои бегаат од граѓанските војни.

Околу 1.300 лица се потпишале на петицијата на веб „MoveOn.org“, повикувајќи го Вашингтон да ги укине ограничувањата за сириски бегалци додека Европа продолжува да се бори од приливот на имигрантите на нејзината територија.

Слично

Поврзани вести