Економија, финансии, бизнис

Контакт

И Русите повеќе не смеат да пушат на јавни места

И Русите повеќе не смеат да пушат на јавни места
Oд денеска се ограничува пушењето на јавни места во Русија. Новиот закон стапи на сила од 1-ви јуни и има за цел да го преполови бројот на пушачи и да го подобри јавното здравје. Со законот пушењето е забрането во училиштата и на факултетите, музеите, спортските објекти, болниците и во јавниот превоз. Идната gодина пак забраната ќе се прошири и на хотелите, кафетериите и рестораните, бродовите, возовите на долги дестинации и на железничките станици. Последните податоци на Светската здравствена организација покажаа дека 40% од Русите се пушачи.
Слично

Поврзани вести