И РУСИЈА ПРЕДУПРЕДУВА: Договорот за подморници покренува многу прашања
Заедничкиот план на САД, Велика Британија и Австралија за формирање нова флота на подморници на нуклеарен погон покренува прашања во врска со Договорот за неширење на нуклеарното оружје, објави денеска Кремљ.
Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков рече дека има многу прашања околу Договорот за неширење на нуклеарно оружје и дека тука е потребна посебна транспарентност, како и одговори на тие прашања.
Песков не објави детали за природата на загриженоста на Русија, иако Кина претходно посочи дека испораката на подморници во Австралија, кои носат конвенционално оружје, но се напојуваат со високо збогатен ураниум, е кршење на Договорот за неширење на атомската Оружје.
Австралија вчера објави дека од Америка ќе купи пет подморници на нуклеарен погон, а потоа ќе работи на нов модел со американска и британска технологија, пренесува Ројтерс.
Американскиот претседател Џозеф Бајден нагласи дека Австралија, која пред 18 месеци се приклучи на сојузот АУКУС со Вашингтон и Лондон, нема да добие атомско оружје.
