И ПУТИН ЌЕ МОРА ДА НАПРАВИ ОТСТАПКИ: Порака од Вашингтон до рускиот лидер
Aмериканскиот претседател Доналд Трамп вели дека и рускиот лидер Владимир Путин ќе мора да направи отстапки за ставање крај на војната во Украина.
„Да, ќе го стори тоа“, изјави Трамп.
Тој рече дека Путин и натаму ќе продирал во Украина ако тој не дојдеше на власт, а вели дека без американската помош, војната брзо ќе завршеше.
Трамп изјави дека одлучил да воведе царини од 25 отсто на увозот од Европската унија. Тој остро го критикуваше блокот, велејќи дека ЕУ е „основана за да ги измами САД“.
Руската инвазија на Украина почна пред повеќе од три години.
Слично
