И повторно светот е со Франција – цвеќе и солзи за жртвите
Ница е затрупана со цвеќиња, а Франција со месеци живее во страв.
Слобода, еднаквост, братство! Така звучи мотото на Република Франција. Мотото на Големата француска револуција. Слободата, еднаквоста и братството синоќа уште еднаш беа обоени во крв на Денот на Бастилја.
Терористите повторно нападнаа една од слободните и либерални западни земји. Прво беа во Шарл Ебдо и направија удар врз слободата на говорот.
Потоа о нападнаа Париз. Во петокот вечер. Нападнаа ресторани, стадион, концертна сала. Тие удрија по сето она што за Французите е нормално и против сето она што е туѓо на терористите.
Синоќа имаше напад на Денот на Бастилја - 14 јули, националниот празник на Франција. За 84-те жртви на француско-тунискиот терорист огнометот ќе остане последното нешто што го виделе во животот пред да бидат прегазени.
