Економија, финансии, бизнис

Контакт

И Порше со рекордна продажба оваа година!

И Порше со рекордна продажба оваа година!
Германскиот производител на луксузни автомобили Порше објави дека веќе го подобрил рекордот за најмногу продадени возила во рок од една година, објавија од компанијата.  Продадени се 128.978 автомобили во целиот свет од јануари до ноември, додека за 2011 година беа реализирани 118.868 продажби на овој бренд автомобили. Шефот на одделот за маркетинг и продажба во Бернхард Мајер изјави дека само во ноември растот на годишно ниво достигнал 39%. Најдобро поминале на  пазарите во Кина и САД, каде има  раст од 70% во ноември на годишна основа. Зголемена побарувачка има и во другите земји со исклучок на Европа каде е регистриран пад од 7,1% од почетокот на годината, а во некои земји од јужниот дел на континентот тој пад достигнува и до 20%. Според Дејвид Бејл, професор по меѓународни бизнис стратегии и економија на „Coventry University Business School“, изјави дека успехот на германскиот автопроизводител е резултат на огромниот раст на пазарите во развој. „Производителите на автомобили од високата класа поминаа одлично оваа година исто како и малите евтини модели, проблем има во продажбата на средната класа , објасува професорот. Пред неколку дена и автомобилскиот производител Ауди, по добивањето на извештајот од ноемвриската продажба, соопшти дека годинава и тие имаат рекорден број на продадени автомобили и раст на профитот за 12,7 отсто во споредба со лани.
Слично

Поврзани вести