И Порошенко зема калашников, но за сите пријавени нема да има доволно оружје
Eкс украинскиот претседател Петро Порошенко, се појавил на CNN со автомат калашников и зборувал за баталјонот кој се наоѓа во градот Киев.
Таму имало редици од луѓе што сакаат да се пријават, но немало доволно оружје. Објаснил дека се наоѓа на 2-3 километри од местото на "непријателските сили".
Во Киев, 18.000 луѓе веќе добија оружје за да го бранат градот. Русија вчера рано наутро ја нападна Украина, а сега се води борба за освојување на Киев. Некогаш најдобриот боксер на светот, а сега градоначалник на Киев, Виталиј Кличко, истакна дека е подготвен да земе оружје и да ги брани градот и Украина од руската инвазија.foto CNN
Слично
