Економија, финансии, бизнис

Контакт

И покрај несреќата нема да запрат летовите на рускиот авион „ Сухој суперџет-100 “

И покрај несреќата нема да запрат летовите на рускиот авион „ Сухој суперџет-100 “

Русија нема да ги запре летовите со авионите „Сухој суперџет-100“ по несреќата на московскиот аеродром во Шереметјево.  Авионите од овој модел се од руско производство и истите ќе продолжат да превезуваат патници низ земјава и светот, истакнал рускиот министер за транспорт, Јевгениј Дитрих.

Истрагата за несреќата која се случи во неделата сеуште трае, пренесуваат европските медиуми. 

При инцидентот, авионот се запалил по принудно слетување, а во несреќата 41 лице го загубија животот. Жртвите веќе се идентификувани, а шестмина остануваат во болница во тешка состојба, пренесуваат медиумите.

Властите ги испитуваат причините, а меѓу главните верзии се технички проблем, човечка грешка и лошото време.

Последниот инцидент најверојатно ќе влијае и на продажбата на моделот „Сухој Супердат 100“. Руската авиокомпанија „Јама“ веќе објави дека укинува нарачка на 10 авиони од овој модел.

Фото Youtube

Слично

Поврзани вести