Економија, финансии, бизнис

Контакт

И покрај кризата, европските граѓани никогаш не биле побогати!

И покрај кризата, европските граѓани никогаш не биле побогати!
Кумулативната вредност на имотот на европските граѓани годинава достигна 56.000 милијарди евра, иако постои нееднаква распределба меѓу различните земји-членки, но и различни региони. И покрај економската криза, која се уште трае, приватниот имот на Европејците достигна исклучително висока вредност, пишува фрнацуски Фигаро. Според студијата на швајцарската банка „Јулиус Баер“, првпат објавена годинава, вкупната вредност на имотот што го поседуваат европските граѓани се зголемила за 1,7% во 2014 година, достигнувајќи 56.000 милијарди евра. Со ова практично е надминато и највисокото ниво досега од 2007 година, односно пред да избие кризата. Аналитичарите на банката очекуваат трендот да продолжи и предвидуваат раст на имотот на Европејците од 40% до 2019 година, со што вкупното богатство во рацете на европските граѓани ќе достигне 80.000 милијарди евра. Во студијата се наведува дека во просек, секое возрасно лице во ЕУ годинава поседува имот во вредност од 167.100 евра. Но тоа е проследено со исклучително нерамноправна распределба, па така само 10% од домаќинствата поседуваат повеќе од половина од имотот. Во Луксембург, на пример, секое полнолетно лице во просек има имот вреден 400.000 евра. Екстремната нееднаквост во распределбата на богатството го забавува растот на европските земји и ја намалува глобалната побарувачка, истакнуваат експертите на банката. Граѓаните на Германија, Велика Британија, Франција и Италија учествуваат со речиси три четвртини во вкупната вредност на имотот на европскиот континент, додека само една четвртина е во рацете на сите останати земји-членки. Економската криза најмногу негативно влијаела на просечната вредност на имотот во Шпанија и Грција.
Слично

Поврзани вести