И покрај кризата Европа станува побогата
И покрај кризата жителите на Западна Европа се побогат. Расте и бројот на милионери. Но овој тренд влијае само на оние кои веќе се меѓу богатите.
За некои, кризата одамна престанала, покажуваат резултатите на истражувањето „Global Wealth" на советничката група „Бостон консалтинг“ објавен на крајот на оваа недела. Според студијата имотот на граѓаните од Западна Европа се зголемил за 5,2 отсто и сега изнесува 35,8 билиони долари. Но, тоа не значи дека сите граѓани од од најбогатите делови на стариот континент станаа одеднаш богати. Статистика покажува дека подбогати се само милионерите.
„Зголемувањето на богатство е исклучиво поврзано со заживување на берзата", вели економистот Даниел Кеслер, кој учествувал во студијата. Уште во 2011-та пазарите претрпеа поради глобалната криза, а особено во еврозоната. Опоравувањето во 2012-та значително придонесе за зголемување на богатството на инвеститорите. Тоа придонесе за зголемувањето на бројот на милионери , не само во Европа туку и ширум светот. На листата по бројот на милионери се уште убедливо води САД со 5,9 милиони, следи Јапонија со 1,5 милиони и Кина со 1,3 милиони милионери. Во Европа на прво место е Велика Британија со 509.000, Германија со 362.000 милионери, што е за 30.000 повеќе милонери од минатата година. Експертите од „Бостон консалтинг“сепак нагласиле дека разликата меѓу најбогатите слоеви на општеството и средната класа,не е драстично зголемена.
Далечниот Исток го помина Западот
Но, додека пазарите во Европа очигледно се опоравуваат од голем број шокови последниве години, во споредба со економиите во развој, особено во Азиско-пацифичка економска зона, Европа полека но сигурно ја губи трката.
„На глобалниот просек богатството таму станувала се посилно отколку во Европа и тоа за 7,8 отсто. Главен мотор се земјите од Азија и од областа Пацификот и во догледна иднина тоа нема да се промени", смета Федерико Бургон од „Бостон консалтинг“.
До 2017 година, регионот со главната локомотива Кина по прашањето на богатството ќе ја претрка и Северна Америка. Брзината со која расте Азиско-пацифичкиот регион е изненадувачки. Годишниот раст на богатството во овој дел на светот изнесува 13,8 проценти.
„Апсолутно е јасно дека ние сме во светот со две брзини. Новиот свет притоа расте многу побрзо од стариот", вели Кеслер.
Слично
