И по вакцината ќе носиме маски, тврди Фаучи
Со вакцината која има ефикасност повеќе од 90 отсто може да се чувствуваме многу подобро, вели Антони Фаучи, водечкиот стручњак на американската влада за заразни болести.
Фаучи во интервју за CNN изјавил дека било која вакцина против ковид-19 ќе биде дополнителен слој на заштита.
„Но, сепак би им препорачал на луѓето, откако ќе се вакцинираат да не ги отфрлат останатите јавноздравствени мерки како што се миење на рацете, носење маска и држење дистанца“, рекол Фаучи.
Во светот има над 55 милиони заразени со коронавирусот.
Генералниот директор на Светската здравствена организација (СЗО), Тедрос Аданом Гебрејесус, предупреди денес дека само вакцината нема да биде доволна за да се победи пандемијата на коронавирус.фото ЕПА
Слично
