Економија, финансии, бизнис

Контакт

И по 20 години заедништво, истокот и западот на Германија остануваат поделени

И по 20 години заедништво, истокот и западот на Германија остануваат поделени
Повеќето источни Германци своите западни сонародници ги сметаат за арогантни и заинтересирани само во пари, покажала последната студија на односите меѓу Источна и Западна Германија. Повеќе од 22 години по падот на Берлинскиот ѕид и обединувањето на Германија, во големата студија спроведена од страна на институт „Allensbach“ , се гледа дека Германците од истокот одржуваат негативно мислење за западот, а многу се позитивни во врска со себе. „Студијата покажала дека 71 % од источните Германци веруваат дека луѓето од западна Германија се арогантни, 57 отсто ги гледаат како луѓе кои се заинтересирани само за пари, а 45 отсто веруваат дека луѓето од запад се „плитки и површни". „Источните Германците имаат негативни ставови само за западните Германци“, пишува весникот „Welt am Sonntag“ , а спротивно на тоа, Германците од источна Германија за самите себеси имаат многу позитивно мислење. Студијата покажува  дека и дваесет години по обединувањето на Германија постои силна перцепција на посебен идентитет помеѓу источните и западните Германци.
Слично

Поврзани вести