Економија, финансии, бизнис

Контакт

И ПЕЛЕ ЈА ПЕЕШЕ ПОЗНАТАТА „СКАЛИНАДА“: Пиеше ракија, а го убедуваа дека се коктели

И ПЕЛЕ ЈА ПЕЕШЕ ПОЗНАТАТА „СКАЛИНАДА“: Пиеше ракија, а го убедуваа дека се коктели

Јадранко Топиќ, поранешен хрватски фудбалер, откри неколку приказни од периодот кога заедно со Бразилецот играше во Њујорк Космос.

Во клубот настапуваше и Вито Димитријевиќ од Сурдулица, поранешен играч на Ниш Раднички. Имаше глас - чудо. Пееше како славеј. И така еднаш во клупскиот автобус, ние двајца почнавме да ја потпевнуваме „Скалинада“ од Оливер Драгојевиќ. Набрзо ни се придружи Пеле, почна да чука со раце по чашата во ритамот на нашето пеење. И наскоро целиот тим почна да потпевнува во ритам. Од тој момент, „Скалинада“ стана химна на Космос. Се пееше во соблекувалната, во автобусот, но се пушташе и на звучниците на стадионот. На крајот, Пеле го знаеше тоа напамет, потпевнуваше „Tu se penje, tu se pada, to je sudba, to je nada, skalinada“.

Се раскажува и кога тајно му точеле ракија.

„Еднаш, измамувајќи го дека е коктел, му точев од нашите ракии, а тој за малку ќе полудеше! Дружењето со луѓе не му претставувало проблем. Тој не беше вообразен како некои од денешните ѕвезди, туку остана скромен и едноставен. А тоа, верувајте, не беше лесно затоа што беше популарен како да е месијата или, во најмала рака, папата“, изјави Топиќ за „Дневно“.

ФОТО: EPA

Слично

Поврзани вести