Економија, финансии, бизнис

Контакт

И Париз ги учи туристичките работници како да се однесуваат

И Париз ги учи туристичките работници како да се однесуваат
Традиционално туристите го посетуваат Париз. Градот тежи со историја и е место кое е на многу листи за места кои мора да се посетат. Доколку и вие составувате листа на такви веста веројатно шансите да го вметнете Париз меѓу нив се големи. Париз е туристички бренд и дневно го посетуваат 80.000 туристи од целиот свет. Сепак голем дел од нив не се баш задоволни од она што го добиваат како услуга. Да, има што да се види и посети, но сепак доста се враќаат дома со заклучокот дека Париз би бил многу подобар, доколку ги нема Парижаните. Во време кога невработеноста во Франција надминува 10%, а тоа за тамошните стандарди е многу, се повеќе внимание се обрнува на туризмот во главниот град на нацијата, со оглед на тоа дека сепак тоа е Париз е дека сепак треба на посетителите да им се земат парите но истите да се вратат посреќни дома. Незнаењето странски јазици, непочитувањето на навиките на останатите култури и генералната нељубезност се главните забелешки на туристите. Со цел да влијае на оваа ситуација, градот издаде брошури во кои се опишуваат навиките на единаесет нации од кои доаѓа најголемата посетеност на градот. Исто така опишани се и некои основни методи кои секој туристички работник треба да ги знае со цел неговиот гостин да биде задоволен. Парарелно со ова градот постојано ќе има на располагање 300 волонтери кои ќе имаат за цел да им помогнат на туристите во полесно снаоѓање во градот и пронаоѓање на неговите знаменитости. Економската криза се чини дека ќе ги натера надмените Французи да научат и некој збор на англиски и да покажат малку повеќе разбирање за илјадниците туристи кои секој ден го посетуваат нивниот град. А токму туристите ќе бидат едни од оние кои ќе имаат бенефит од кризата. Редакција Фактор
Слично

Поврзани вести