И ПАРИЗ ЕКСПЛОДИРАШЕ: Полицијата го евакуираше Плоштадот Република, големи нереди на улиците
Француската полиција вчеравечер итно евакуираше неколку илјади луѓе кои синоќа учествуваа на пропалестинскиот собир на Плоштадот на Републиката во Париз.
Неколку илјади луѓе се собраа на плоштадот до околу 18.30 часот, по што интервенираше полицијата, пренесува Фигаро.
Францускиот весник претходно објави дека протестот е забранет, но подоцна објави дека управниот суд ја укинал забраната.
Собирот го организираа здружението ЦАПЈПО Европалестинци и Новата антикапиталистичка партија.
ФОТО: Илустрација
Слично
