Економија, финансии, бизнис

Контакт

И папата Франциско загрижен за економската криза

И папата Франциско загрижен за економската криза

Германската канцеларка Ангела Меркел денеска беше примена на аудиенција од поглаварот на Римокатоличката црква Франциско.

На средбата во Ватикан, која траела околу 45 минути, Меркел и папата разговарале за прашања поврзани со верата, глобализацијата и улогата на Европа во светот.

По средбата Меркел изјави дека регулирањето на пазарите е главна цел, а функцијата на економијата е да им служи на луѓето.

Папата Франциско ја осуди „тиранијата“ на пазарите и побара финансиски реформи, проследени од поголема помош за сиромашните. Тој истакна дека „парите треба да им користат на луѓето, а не да ги раководат“.

- Разговорот со папата е признание за Германија, нагласи Меркел, додавајќи дека тој може да им се доближи на луѓето со прости и трогателни зборови.

Според германската канцеларка, папата Франциско јасно ставил до знаење дека Европа му е потребна на светот.

Слично

Поврзани вести