Економија, финансии, бизнис

Контакт

И ОВА ГО ИМА ВО СВЕТОТ: Земја каде годината трае 13 месеци

И ОВА ГО ИМА ВО СВЕТОТ: Земја каде годината трае 13 месеци

Етиопија е единствената држава во светот каде годината трае 13 месеци.  Нивниот календар  наместо 12, има 13 месеци. Ова се должи на различното пресметување на годината на раѓање на Исус Христос, пишува Би-Би-Си.

Во Етиопија, секој од 12-те месеци има 30 дена, додека тринаесеттиот – последниот од годината – има пет или шест дена, во зависност од тоа дали е престапна година.

Етиопискиот календар заостанува зад западниот за седум години и осум месеци, па во сабота на 11 септември 2021 година, во Етиопија всушност, започна 2015 година. 

Кога Католичката црква го промени пресметувањето во 500 година од нашата ера, Православната црква во Етиопија не го направи тоа. Така во Етиопија, Новата година се паѓа според западниот календар, на 11 септември или на 12-ти во престапната година.

Слично

Поврзани вести