И Одеса се крена против властите во Киев
Против властите во Киев, илјадници луѓе денеска излегоа на улиците на Одеса, кој е клучен пристанишен град во Украина.
Демонстрантите кои носеле знамиња на Украина, Русија и Крим, скандирале „Украина и Русија се заедно“, „Одеса е руски град“, „Одеса против нацисти и олигарси“ и „Референдум“.
Учесниците во протестите бараат властите да го пуштат од затвор Антон Давидченко, лидер на Народниот алтернативен совет за координација на јавните здруженија, и да престанат со прогонување на други активисти обвинети за ширење на сепаратизам.
Обраќајќи се кон демонстрантите, Сергеј Бовболан, член на Градскиот совет на Одеса, рекол дека претставници на Киев всушност се во војна со сопствениот народ, бидејќи повеќето Украинци не ја поддржуваат нивната политика.
Слично
