И обични белешки на Ајнштајн чинат милиони
Обични белешки на Алберт Ајнштајн на кои нема никакви теории за вселената и математички формули по долго време се појавија во јавност и достигнаа неверојатни суми на акции. Едната од белешките ја нарекуваат „формула за животот“, таа Ајнштајн му ја подарил на курир од Токио бидејќи немал пари да му даде бакшиш.
Аукциската куќа од Ерусалим ја продаде за неверојатни 1,5 милиони долари бидејќи наводно пораката е доволна за среќен живот.
Познатиот физичар на курирот му рекол дека штотуку слушнал дека ја освои Нобеловата награда и дека пораката која му ја напишал може во иднина да биде вредна.
Физичарот имено во моментот кога дознал дека ја освоил Нобеловата награда одржувал предавање во Токио. Кога курирот дошол во неговата хотелска соба да му достави пакет, физичарот му рекол дека нема пари и наместо пари му ја дал пораката.
„Мирен и скромен живот ќе ви донесе повеќе среќа од бркање по успехот и константен немир кои со него доаѓа“, напишал Ајнштајн на германски на хартијата во хотелот во Токио.
Ајнштајн истовремено напишал уште една порака.
„Каде постои волја, постои и начин“, пишува во пораката. Истата е продадена за 240 илјади долари.
Пораката ја купил анонимен Европјанин, а на аукцијата ја оставил некој курир.
