Економија, финансии, бизнис

Контакт

И МОРЕТО СЕ ТРЕСЕ: Силни земјотреси повторно тресат во централна Италија!

И МОРЕТО СЕ ТРЕСЕ: Силни земјотреси повторно тресат во централна Италија!

Земјата продолжува да се тресе во централна Италија, а после земјотресот во кој на 24 август загинаа околу 300 луѓе, нови силни потреси се забележани денеска попладне во Мачерати, Асколи Пичена и Анкони во покраината Марка, во Умбрија, како и на југот на Апенинскиот полуостров.

Италијанскиот весник „Кориера дела сера“ наведува дека епицентарот на земјотресот бил со јачина од 4,5 степени по Рихтер во Сиблиските планини во близина на местото Кастелсантанџело сул Нера, кое веќе значајно е оштетено во земјотресот пред десет дена и на кое е воспоставена привремена населба под шатори.

[embed]https://twitter.com/RobRe62/status/772020617331826688?ref_src=twsrc%5Etfw[/embed]

Претходно во текот на ноќта земјотрес со јачина од 4,3 степени по Рихтер ги пробуди жителите на подрачјето на градот Норча близу Перуџа во покраината Умбрија, па луѓето во страв излегле на улиците.

Анса наведува и дека земјотрес со јачина од 3,6 степени по Рихтер е регистриран во морето кај брегот на провинцијата Реџо Калабрија во јужната покраина Калабрија, на длабочина од 76 километри.

Слично

Поврзани вести