Економија, финансии, бизнис

Контакт

И Молдавија поднесе барање за членство во ЕУ

И Молдавија поднесе барање за членство во ЕУ

По Грузија и Молдавија поднесе барање за членство во ЕУ. 

Претседателката на Молдавија, Маја Санду вчера потпиша официјално барање за пристапување на земјата во Европската унија.

„Беа потребни 30 години за Молдавија да достигне зрелост, но денес земјата е подготвена да преземе одговорност за сопствената иднина“, рече таа. 

Кажа дека барањето за членство во наредните денови ќе биде испратено до Брисел.

Потегот на Молдавија дојде неколку дена откако соседниот украински претседател Володимир Зеленски го потпиша барањето за итно членство во ЕУ додека се бори против инвазијата на руските сили.

foto freepik.com

Слично

Поврзани вести