Економија, финансии, бизнис

Контакт

И МАСК РАЗМЕНУВАЛ ПОРАКИ СО ЕПСТИН: Се јави со реакција

И МАСК РАЗМЕНУВАЛ ПОРАКИ СО ЕПСТИН: Се јави со реакција

Милијардерот Илон Маск на Х наведе дека имал многу ограничена комуникација со сексуалниот престапник Џефри Епстин и дека одбил повеќекратни покани да го посети неговиот остров или да патува со неговиот авион.

Тој истакна дека е свесен дека дел од преписката може погрешно да биде протолкувана, но оти тоа не го загрижува. Маск додаде дека силно се залагал за објавување на документите за Епстин и нагласи дека е важно кривично да се гонат оние кои сториле тешки кривични дела, особено во случаите на сексуално искористување малолетнички.

„Ниту едно лице не се залагало посилно од мене за објава на документите за Епстин и мило ми е што тоа конечно се случи“, наведе Маск на Х.

Според објавените мејлови, Маск во декември 2013 година разменувал пораки со Епстин за можна посета на неговиот карипски остров, додека посебна преписка покажува дека Епстин во февруари истата година се обидувал да договори ручек со Маск.

Поранешниот словачки министер за надворешни работи, Мирослав Лајчак, соопшти дека по објавувањето на неговите комуникации со осудениот сексуален престапник Џефри Епстин, ја напушта својата позиција како советник на словачкиот премиер Роберт Фицо.

foto printskrin youtube

Слично

Поврзани вести