Економија, финансии, бизнис

Контакт

И КОРЗИКА Е ВО ПЛАМЕН, 200 ПОЖАРНИКАРИ СЕ БОРАТ СО ОГНОТ: Евакуиран е манастир од 15 век

И КОРЗИКА Е ВО ПЛАМЕН, 200 ПОЖАРНИКАРИ СЕ БОРАТ СО ОГНОТ: Евакуиран е манастир од 15 век

Шумски пожари уништија повеќе од два квадратни километри во текот на ноќта на францускиот медитерански остров Корзика, соопштија денеска властите. Францускиот министер за внатрешни работи Жералд Дарманин на Твитер објави дека манастирот Корбара од 15 век на северот на островот е евакуиран.

Два пожари се споија во еден

Ангажирани се околу 200 пожарникари. Синоќа пожарникарите пријавиле пожар во градот Пигна на северот на Корзика. Силниот ветер го разгоре огнот.

Според пишувањата на француските медиуми, првично имало два пожари недалеку еден од друг, кои подоцна се споиле во еден. Шефот на извршниот совет на Корзика, Жил Симеони, на Твитер напиша дека двата пожари биле намерно предизвикани.


Слично

Поврзани вести