И кинеската „Коронавак“ доби дозвола за масовна употреба
Втората кинеска вакцина за масовна имунизација против ковид-19 е официјално одобрена во Кина.
Станува збор за производ на компанијата „Синовак“, а веста е потврдена денес од државното регулаторно тело за медицински производи.
„Коронавак“ е одобрена по двомесечни клинички испитувања, иако резултатите од некои тестови во доцна фаза сè уште не се објавени.
Компанијата соопшти и дека Индонезија, Турција, Бразил, Чиле, Колумбија, Уругвај и Лаос веќе издадоа итни одобренија за употреба на вакцината на „Синовак“.
Инаку првата вакцина во Кина доби дозвола за масовна употреба во декември минатата година.
Слично
