И КИМ ГО ПОДДРЖА ДОНАЛД ТРАМП: Тој е мудар политичар за разлика од глупавата Хилари!
Северна Кореја ја поддржа номинацијата на Доналд Трамп за претседател на САД, пофалувајќи го во својот пропаганден сајт како „далекувидиот претседателски кандидат“, способен да ги ослободи Американците од стравот од нуклеарниот напад на Северна Кореја.
Во колумна во весникот ДПРК Тудеј, едно од гласилата на официјален Пјонгјанг, Трамп се опишува како „мудар политичар“ и вистински избор за гласачите на претседателските избори на 8 ноември, пренесе Ројтерс.
Најголемата конкуренција на Трамп, фаворитката за номинација на демократите за претседател на САД Хилари Клинтон, севернокорејскиот весник ја нарекува „глупава Хилари“ поради нејзиниот предлог да се примени иранскиот модел на сеопфатни санкции во цел разрешување на проблемите на нуклеарното наоружување на корејскиот полуостров.
Трамп на таа тема рекол за Ројтерс дека е спремен да разговара со севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун како би се обидел да ја запре нуклеарната програма на Пјонгјанг и додал дека Кина исто така би требало да допринесе за разрешување на тој проблем. ДПРК тудеј исто така наведува дека изјавата на Трамп дека САД би требало да ги повлечат своите сили од Јужна Кореја додека Сеул не плати повеќе претставува еден од можните начини за постигнување на корејското обединување.
„Се покажа дека Трамп не е остар, ексцентричен, необразован кандидат каков што тврдат дека е, туку е мудар политичар и далекувид претседателски кандидат“, се наведува во текстот.
