Економија, финансии, бизнис

Контакт

И КИМ ЏОНГ УН САКА ТУРИСТИ ВО СЕВЕРНА КОРЕЈА: Eве што изгради за таа цел

И КИМ ЏОНГ УН САКА ТУРИСТИ ВО СЕВЕРНА КОРЕЈА: Eве што изгради за таа цел

Севернокорејскиот лидер, Ким Џонг Ун изгради лускузно спортско скијалиште со кое сака да привлече туристи во својата земја. 

Спортистите од Северна и Јужна Кореја неодамна имаа заеднички активности на овој терен. 

Скијалиштето Масикјонг е лоцирано во близина на градот Вонсана, родниот град на Ким.

Скијачите од двете земји таму имаа заеднички тренинг, а според медиумите ова место е омилено за севернокорејскиот лидер, кој обожава скијање.

Местото е отворено во 2013 година, а опремено е со луксузна опрема. Во близина има и продавници во кои се продаваат популарни светски марки. Јужнокорејските новинари не можеа да потврдат дали станува збор за оригинали или копии.

„Голем број на туристи доаѓаат тука и покрај меѓународните санкции против Северна Кореја“- вели еден од вработените.

Инаку земјата  на Ким  важи за една од најзатворените во светот. Неодамна во медиумите се појавија фотографии за тоа како во 80-те години луѓето го поминувале одморот на плажите во оваа земја. 

Ким е лидер кој светот го провоцира со своите нуклеарни проби. Поради оваа причина се заострија односите со САД, а имаше и навреди меѓу Ким и американскиот претседател, Доналд Трамп. 

Според медиумите, Ким располага со ракети кои би го погодиле американското тло. 

Некои медиуми него го нарекоа дури и најмлад диктатор во светот. 

Слично

Поврзани вести