Економија, финансии, бизнис

Контакт

И картичките добиваат LCD екран

И картичките добиваат LCD екран
Трансакција на пари и проверка на сметка наскоро ќе биде возможно само со кредитна картичка. MasterCard најави лансирање на „Display Card" картичка која се поврзува со паметни телефони или таблети. Во Сингапур веќе ја користат картичката која  има LCD екран и типки чувствителни на допир. Големината на новата картичка пак овозможува да ја носите во паричник. Многу банки во моментот издаваат уреди за аутентификација за онлајн банкарство, особено кога се во прашање ризични трансакции, како што се трансфери на износи над одредени граници. „Display Card" ја елиминира потребата за користење такви уреди за аутентификација. Во иднина оваа картичка би можела да добие и дополнителни функции како што е увид и состојба на сметката и информации за неодамнешни трансакции. Покрај MasterCarda, уште некои компании работат на развој на слични картички, меѓу кои и Visa и Google.
Слично

Поврзани вести